ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најблиските соработници на Груевски признаа вина за Титаник

Поранешните владини функционери Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер и уште пет обвинети признаа вина за изборните регуларности во случајот „Титаник“. Изразија и јавно извинување.

Advertisements

„Чувствувам потреба да преземам одговорност и да демонстрирам морален чин. Ја користам приликата да упатам извинување до сите оние кои на било кој начин биле навредени и повредени слушајќи ги таканаречените бомби“, порача Јанакиески.

Со ова, се признаа делата за фалсификување на лични карти и пасоши, кривичните дела кои се гонеа екс функционерите за местење списоци за лица од Пустец кои во 2013 година гласаа во Центар. Обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протуѓер, а ублажување на казната на Јанакиески.

„Секој од присутните обвините има и свои и олеснителни и отежнителни околности кои судот треба да ги цени“, рече Стефанова.

Поранешните функционери од ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски, Кирил Божиновски кои исто така се обвинети во „Титаник“ денеска пред судот не признаа вина. За нив ќе се раздвои предметот.

И покрај тоа што екс – министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески призна вина за изборните нерегуларности, тој сепак ќе мора да доаѓа во судот за да му се суди за „Титаник“, бидејќи не призна вина за кривичното дело злоупотреба на пари при финансирање изборна кампања во 2012 година.

По признанието на вина реагираше бегалецот Никола Груевски.

„Обвинителството има за цел преку ваквите изнудени признанија на вина историски и правно да се обидат да ја покријат својата вина за една голема политичка хајка која ги има сите елементи на хајките на диктатурите и недемократските режими низ историјата“, напиша Груевски.

Груевски како екс премиер е првообвинет за изборните нерегуларности во „Титаник“.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button