
Со оглука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,60%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за
1,00 денари/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари/литар, со што малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска ќе изнесува 74,00 ден/литар.