ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изречени 246 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 246 пешаци.

Advertisements

Притоа 195 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло…Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје…

За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button