СВЕТ

Утре средба помеѓу Путин и Лукашенко

Авторитарниот лидер на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека на 18 февруари ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за „натамошните активности“ во врска со заедничките воени сили, додека двете земји заедно одржуваат воени вежби.

Advertisements

Зборувајќи за време на денешната посета на воениот полигон Асиповицки додека се одржуваа заедничките воени вежби, Лукашенко не кажа дали руските војници по маневрите ќе почнат да ја напуштаат неговата земја, но нагласи дека „нема потреба да се создаваат руски воени бази во Белорусија“.

„Работите ќе се решаваат утре“, рече Лукашенко мислејќи на средбата со Путин.

Во Москва, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека вежбите ќе завршат на 20 февруари според планираното, но не коментираше дали руските сили веднаш ќе заминат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button