ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Добивањето државјанство за Албанците се проблематизира со квалификацијата „опасен за државата“

Од 2004 до 2021 година Законот за државјанство претрпе пет измени. Но и по овие измени добивањето државјанство за Албанците се проблематизира со квалификацијата „опасен за државата“.

Advertisements

Од 2002 година досега во 7 владини мандати ДУИ го предлагаше заменикот министер за внатрешни работи додека од декември 2016 година до крајот на мај 2017 година беше и првиот човек во Секторот за внатрешни работи. Но, колку Албанци добија државјанства за време на владеењето на ДУИ, односно во времето кога во МВР беа: Хазби Лика, Фатмир Дехари, Џеват Бучи, Џелал Бајрами, Земри Ќамили, Агим Нухиу и Назим Буши?

Според податоците на Алсат, од 2002 до 2006 година, првиот мандат на владејачката ДУИ, 4.987 Албанци добиле државјанство по пат на натурализација, период кога се менуваше Законот за државјанство и прво дополнување. За време на мандатите од 2008 до 2021 година, државјанство преку натурализација добиле 6.536 Албанци. За 14 години власт пропорционално значи дека секоја година државјанство добивале 466 албанци , бројка која во однос на барањата е за 70 отсто помала.

Во овој период, 8213 Македонци добиле државјанство со натурализација, додека не се знае бројот на државјани од ромска, српска, босанска, турска и друга етничка припадност.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button