МАКЕДОНИЈА

Мицковски оствари средба со евроамбасадорот Гир

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се сретнал со евроамбасадорот Дејвид Гир со кого разговарал за актуелната политичка и економска состојба во земјава и за евроинтеграциите, како и за геостратешките случува во регионот и Европа.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека Мицковски посочил дека немањето реформи, лошото менаџирање на Владата во однос на економската, енергетската и здравствената криза и високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат. – Претседателот Мицкоски го информираше Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните, стои во соопштението од партијата.
Мицкоски ја афирмирал поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на земјава во Европската Унија.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button