МАКЕДОНИЈА
Николовски: МПЦ да избегне замка од СПЦ

Во моментов најважно е Македонската православна црква (МПЦ) да ја избегне замката на Српската, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, новинарот Маријан Николовски и додава:
„Во моментов најважно е Македонската православна црква (МПЦ) да ја избегне замката која што Српската православна црква (СПЦ) се обидува да ја наметне, а тоа е да се дојде до некаков привиден договор, којшто го форсира и Руската православна црква, меѓу МПЦ и СПЦ, којшто би овозможил ‘бајпасирање’ на оној период од 80 години, кога СПЦ нема никаква јурисдикција на територијата на денешна Македонија“, вели Николовски.