МАКЕДОНИЈА
Ѓорѓевски: Вселенскиот патријарх сака да биде клучен арбитер помеѓу МПЦ и СПЦ

За новинарот Бранко Ѓорѓевски охрабрувачки во процесот на добивање автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ) е фактот што Вселенскиот патријарх изразува став да биде арбитер во процесот којшто подолго време се води помеѓу македонската и српската православна црква.
„Вселенскиот патријарх е изложен на тешки обвинувања, но мислам дека покажува оти не се плаши и не се премислува, дека нашето барање е во процедура. Фактот дека инсистира на средбата во Истанбул со Македонската и со Српската православна црква, покажува дека сака да биде клучен арбитер во целиот спор“, вели Ѓорѓевски.