Министерството за администрација не го употребува албанскиот јазик

Министерството за информатичко општество и администрација само на македонски го објави Пописот на вработените во јавниот сектор за 2020 година. Извештајот е изготвен и објавен во време кога овој ресор го водеше Јетон Шаќири, сега министер за образование. Шаќири вели дека извештајот ќе биде преведен и на албански, но не објасни зошто тоа не било досега направено.
„Извештајот дефинитивно ќе биде преведен на албански јазик. Знаете дека многу процеси што ги започнавме во министерството го направивме со подготовка на потребниот кадар, за подготовка на материјали на албански јазик. Како и секој извештај и овој ќе биде преведен“, Јетон Шаќири, Министер за образование
Министерството за информатичко општество го демантира Шаќири, нагласувајќи дека им недостигаат преведувачи. Но, според нив, се работи на преведување на извештајот.
„Овој извештај ќе биде преведен, за предметниот случај се работи и преводот е во тек. Работиме и на исправување на евентуалните недостатоци за преводите во МИОА и покрај тоа што нема доволно кадар за преводи, а со тоа и другите документи на оваа институција да се преведат на албански јазики на тој начин да се почитува и имплементира Законот за употреба на јазиците”, Министерство за информатичко општество и администрација
За непочитување на законот Инспекторатот мора да постапи со утврдување на фактичката состојба. Потоа на располагање му стојат опомените, давањето рок да се преведе и како крајна мерка е глоба против институцијата за непочитување на законот. Извештајот ја вклучува структурата на јавниот сектор врз основа на етничка припадност, пол, возраст и образование. Јавниот сектор во С. Македонија се состои од 1.332 институции со 131.183 вработени. /Алсат.мк
Адријан Керими