Мицкоски: Во игра е многу повеќе од само промена на Уставот

Претседателот на владата пропушти шанса да постигне национално единство за прашањето со Бугарија, рече денеска во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што додаде тој, информациите со кои располага партијата упатувале на тоа дека се подготвува нешто повеќе од, како што кажа, само промена на Уставот.
„Националното единство е нужност затоа што информациите со коишто располагам укажуваат дека во игра е многу повеќе од само промена на македонскиот Устав, а со цел вклучување на бугарското малцинство во Македонија во тој Устав. Ковачевски со тоа што одбива можност за национално единство за прашањето со Бугарија пропушта можност едногласно да ги зацементираме позициите за заштита на националните, државни идентитетски линии“, рече Мицкоски.