ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пензиите, поле за партиски препукувања меѓу СДСМ и ВМРО

Стартот на преговорите помеѓу Владата и здруженијата на пензионери за зголемување на пензиите е нова тема за политичко препукување на релација власт – опозиција. Од партиската говорница на СДСМ денеска пратеничката Лидија Тасевска се пофали дека создаваат систем со кој пензионерите ќе имаат сигурност и извесност, а покачувањето на пензиите вели дека никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, како што тоа, според нив, било во минатото.

Advertisements

„Низ отворен дијалог ќе се дојде до решение во интерес на сите страни кое ќе овозможи раст на пензиите, но и дополнителен финансиски пакет од кој придобивка ќе имаат околу 330.000 пензионери“, рече Тасевска.

За опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, преговорите помеѓу пензионерите и власта се само режирана претстава со новоформирани и кон власта наклонети здруженија. Уште еднаш Мицкоски ѝ порача на Владата да го прифатат нивниот предлог за зголемување на пензиите, а платите скалесто да растат.

„Што прави владата? Глуми преговори со новоформирани здруженија и симулира социјален и економски дијалог, а во Собранието директно ги одбива предлозите за покачување на пензиите на пензионерите“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ до Собранието веќе испрати предлог-закон со кој бара да се зголемат примањата на пензионерите за 20 отсто. Власта овој предлог го отфрли со образложение дека е паушален без никаква претходна анализа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button