Џеладин Мурати: „Албанскиот јазик се користи по желба, а не по закон“

Албанскиот јазик во С. Македонија не е официјален сè додека е познат како јазик на 20-тте проценти. Вака смета професорот Џеладин Мурати, според кого и покрај законската обврска, институциите албанскиот јазик го употребуваат по нивна желба.
„Албанскиот не е официјален јазик во Северна Македонија. Албанскиот јазик е во официјална употреба по желба. Албанскиот јазик не постои во Уставот на Северна Македонија. Постои како јазик на 20 проценти. Трето, Албанците не се државотворни во Северна Македонија, а тој статус го решава и јазичното прашање. Концептот за службена употреба на албанскиот јазик не е совршен бидејќи членовите на законот не се совршени и не се концизни“, изјави Џеладин Мурати – експерт
Директорот на Агенцијата за имплементација на јазиците, Илбер Села, оцени дека постојат институции во земјава кои не обрнуваат внимание на неговата употреба. Тој апелира Инспекторатот да биде повнимателен и да изрекува санкции.
„Има раководители на институции кои тоа не го ставаат во преден план, не му даваат значење на албанскиот јазик и не го употребуваат. Затоа, оние кои го подготвиле законот предвиделе сè бидејќи не живееме во Швајцарија или Австрија, туку живееме на Балканот. Направиле така, ако некој раководител на институција не го спроведува Законот за употреба на јазиците, тогаш има санкции“, вели Илбер Села – Агенцијата за имплементација на јазиците
Заменик-министерот за образование Љуљзим Алиу апелираше до Агенцијата и Инспекторатот целосно да си ја вршат работата.
„Моето мислење отсекогаш било дека албанскиот јазик во голема мера напредуваше, но не стана официјален на државно ниво. Мојот апел е секоја институција да ги исполни своите должности и обврски. И Агенцијата и Инспекторатот, но и секоја институција која е обврзана да ја спроведува употребата на албанскиот јазик“, вели Љуљзим Алиу- заменик министер за образование и наука
На денешната панел дискусија беше изразена и загриженоста за образованието на мајчин јазик, при што беше истакнато дека треба да се направат напори и граѓаните Роми и Власи да имаат право на образование на нивните јазици. /Алсат.мк
Еви Шкопи