ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат: Владата утре ќе ја ограничи маржата во трговијата на 15%

На целиот трговски ланец маржите ќе бидат ограничени до 15 отсто. Оваа одлука Владата ќе ја соопшти утре, дознава Алсат. Според информациите, трговската маржа ќе важи подеднакво и за продажбата на големо, но и на мало.

Advertisements

„Документот до кој дојдовме покажува дека од вкупниот трошок за производство на еден производ, ќарот на трговецот кој го продава производот на граѓаните не може да биде повисок од 15 отсто,“ изјави новинар на Алсат Иле Петревски.

Станува збор за истите прехранбени производи за кои важеше мерката за замрзнување на цените во малопродажбата. Овој пат листата се зголемува со овошјето и зеленчукот. Тоа значи дека со одлука на Владата се ограничуваат маржите на лебот, шеќерот, солта, брашното тип 400, зејтинот, месото и сувомеснатите производи, цените на сирењето, урдата, потоа на оризот, јајцата, тестенините и пченицата.

Ограничени маржи до 15%
-Овошје
-Зеленчук
-Леб
-Шеќерот
-Сол
-Брашно тип 400
-Зејтинот
-Месото и сувомеснати производи
-Сирењето и урдата
-Ориз
-Јајца
-Тестенини
-Пченица

Оваа одлука за ограничување на трговската маржа ќе важи до 31 мај. На четврти декември ланската година Владата одлучи да ги замрзне цените на основните прехранбени производи и таа мерка да важи до 31 јануари годинава. Потоа властите донесоа одлука, мерката да продолжи до крајот на овој месец. Но и покрај замрзнатите цени граѓаните секојдневно се жалат дека живејачката е сè поскапа и одвај крпат крај со крај.

Потврда за тоа даде и Државниот завод за статистика од каде објавија дека и покрај замрзнатите цени, бил забележан раст на цените и кај овие производи. Во прехранбениот сектор поскапувањето било 8,5 отсто, а кај земјоделските производи над 7 отсто. Извештајот вели дека за набавка на леб трошокот е зголемен за 10, а за месо за шест отсто. /Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button