ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Еве што ќе поскапи кај нас ако ескалира кризата во Украина

Вртоглав раст на цените на храната, гасот и горивата ќе бидат негативните ефекти врз економијата во Македонија поради конфликтот меѓу Русија и Украина. Иако трговски земјава не е поврзана со овие две земји, поврзаноста со Европа индиректно ќе има влијание.

Advertisements

„Може да предизвика вртоглав раст на цените на храната и на енергенсите. Значи и оваа инфлација којашто сега ја гледаме може понатаму да се засили… Цените на храната можат да бидат погодени имајќи во предвид дека Русија и Украина се најголемите производители на пченица, пченка и сончогледово масло и на ѓубрива“, рече Маја Кадиевска- Универзитетски професор.

Формирање на кризен штаб од страна на Владата со неколку можни сценарија, можат да ги ублажи ефектите, велат економистите. И министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА посочува дека последиците ќе се почувствуваат во делот на енергенсите, но и на цените доколку состојбата во следниот период ескалира.

„Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените, имаме и едно и друго, други ескалации. Зависи во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостиг на енергија, но тоа сега засега останува шпекулативно сценарио“, вели Бесими.

Со последните случувања во Украина, светските берзи од утринава бележеа раст и на златото и на нафтените деривати. На лондонската берза, за еден ден барел нафта се искачи за дополнителни три долари, со што во моментов цената е 99 долари, највисоко регистрирана во последните 10 години. Покрај нафтените деривати, раст за 10% има и цената на гасот, а сосема спротивно, вредноста на акциите на берзите забележува пад.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button