ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е за решение, но нема да прифати идентитетско обезличување

Државата има Влада која одбива консензус за најважното прашање кое во моментов ја засега земјата, а одбивањето само говори дека на повидок е многу поопширно решение само од промената на Уставот во која што требало да биде вклучено бугарското малцинство во Македонија, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Advertisements

Тој додаде дека „поопширното решение подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик со што директно се задира македонскиот идентитет, како и дека ВМРО-ДПМНЕ  нема да прифати, „такво идентитетско обезличување“.

Коментирајќи ја актуелната состојба во надворешните односи на државата Мицкоски рече дека петта година по ред и покрај сите отстапки државава е надвор од портите на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button