ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цената на гасот расте на светските берзи

Цената на природниот гас урива рекорди на светските берзи по одлуката на Германија да се повлече од верификување на документот за гасоводот Северен тек 2 од Русија. На берзите цената на гасот во Европа достигна над 960 долари за 1.000 кубни метри. Цената на нафтените деривати денеска забележува пад, и еден барел нафта чини 91 долар. Зависноста на Европа од рускиот гас и суровата нафта, на глобално ниво ќе предизвика штети во економијата.

Advertisements

„Европската Унија 41 процент од своите количини ги увезува од Русија, во поглед на сурова нафта 27 проценти до Русија, цврсти горива 47 проценти имајќи ги во предвид овие бројки секако дека ова ќе има влијание. Веројатноста е многу голема дека доколку дојде до влошување на конфликот може да дојде до зголемување на цените и тоа ќе влијае во нашата економија“, вели Андонов.

И бизнис секторот очекува тензиите меѓу Украина и Русија да предизвикаат нови кризи.

„Самата состојба во Украина дополнително ќе допринесе дополнително да се појави енергетската и економската криза и сметаме дека самата држава требаше навремено да реагира и да обезбеди дополнителни резерви. Ако тогаш најавивме баш ова време најавивме дека треба да се набават за да не западнеме во криза“, рече Ѓорѓи Манасков- Претседател на Стопанска комора за енергетика.
И денеска на берзите, акциите држат ниска цена за тргување, поради стравот на инвеститорите да вложуваат.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button