ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сомнежи дека во дивата сеча се вмешани и институции

Нелегалната сеча е организиран криминал на кој му помагаат и вработени во соодветните институции. Ова беше истакнато во презентацијата на истрагата на Центарот за европска стратегија „Евротинк“, за „Уништени шуми“, поддржана од Амбасадата на Канада во Белград. Според истрагата, со бесправното сечење дрва, државата била оштетена со 245 118 м3 исечени дрва. За ова во обвинителството низ годините се покренати илјадници предмети за казнување на сторителите.

Advertisements

„На ниво на Република Македонија, од 2010 година до јавните обвинителства, Шумската полиција доставила 2380 пријави, додека бројот на кривични дела поднесени од Службата за заштита на шумите е 2637. Бројот на кривичните прекршоци испратени до судот од страна на Шумска полиција е вкупно 1875 прекршоци, додека пријавите испратени од ЈП Национални шуми се вкупно 11 094“, се наведува во истражувањето на „Еуротинг“ Македонија.

Според истражувањето, нејасно е зошто Шумската полиција и Службата за заштита на шумите ги пријавуваат случаите на бесправна сеча во обвинителството како прекршок, а не како кривична пријава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека пет години МВР има регистрирано илјадници кривични пријави.

Директорката на ЈП „Македонски шуми“, Јулијана Николовска рече дека неспорно е што во дивата сеча се вклучени и институциите. Таа нагласи дека се работи на изнаоѓање решение.

Додека претставникот на Министерството за земјоделство, Саша Јовановиќ, истакна дека причина за нелегалната масовна сеча е тоа што дрвото е главниот енергенс во земјава.

Според Јовановиќ, земјава во моментов произведува помалку кубни метри дрва отколку што е потребно. Ова се должи на фактот што националните шуми произведуваат околу 500 илјади кубни метри, приватните сопственици околу 250 илјади кубни метри, додека националните паркови до 70 илјади кубни метри.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button