ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски – Го осудувам чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина

Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.
„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија“, објави Ковачевски.