Според граѓаните, корупцијата во земјава на скалата од 1 до 10 изнесува 9,27!

Повисоки казни и повеќе судски пресуди за загадувачите на животната средина. Ова е препораката на невладините организации кои алармираат дека со ниски казни и малку судски пресуди, прекршителите ќе продолжат да ѝ нанесуваат штета на природата. Од Центарот за истражување и креирање политики велат дека од 2012 до 2018 година имало само едно кривично решение против правно лице за загадување на природата.
Од организацијата „Сите за правично судење“ нагласија дека Законот за животна средина има низа нејаснотии кои може да влијаат на зголемување на корупцијата.
Граѓаните вклучени во анализата на Платформата на граѓански организации процениле дека корупцијата во земјава, на скалилото од 1 до 10 е 9,27. Како најчести облици на корупција ги навеле злоупотребата на службената положба, непотизмот и судирот на интереси.
Еви Шкопи