МАКЕДОНИЈА
Одложено рочиштето за случајот „Алфа“

Рочиштето за случајот „Алфа“ кое беше закажано за денеска, по барање на одбраната во случајот со Алмир Дрпљанин, кој е одделно осуден, уште еднаш беше одложено. Од Апелациониот суд соопштија дека тоа го побарал адвокатот Асмир Алиспахиќ, без да ги наведе причините. Како што велат од Второстепениот суд, без присуство на адвокатот, на рочиштето не сакал да учествува ниту обвинетиот. Додека овој предмет не се затвори, Кривичниот суд не може да го оцени вештачењето како доказ за евентуално повторно судење на случајот. Следното рочиште е закажано за 14 април./Alsat.mk