Од агент на КГБ до претседател на Русија, кој е Владимир Путин

Кој е Путин? Човекот што го видовме во слики како џудист и со епитет како Сибирска мечка, се чини дека нема проблем да си поигрува со своите амбиции кои за многумина се сметаат за болни. Дури и нападот врз Украина се смета за демонстрација на сила, и покрај фактот што неговите желби би биле Русија да ја врати Германија од пред падот на Железната завеса.
Руската инвазија на Украина е само демонстрација на силата на Путин, и покрај тоа што неговите амбиции да се врати на старата карта на Руската Федерација не стивнаа. 70-годишниот Путин, инаку познат како Сибирска мечка, има импресивно досие во неговата шпионска и политичка кариера. 15 години служел како шпион на КГБ во Германија, додека во 98 година бил на чело на руското разузнавање.
Неговата блискост со поранешниот претседател Борис Елцин му го отвори патот да стане премиер на Русија во 99 година. Од ненадејната оставка на Елцин на новогодишната ноќ 2000 година, Путин победи на првите претседателски избори, за да биде реизбран во 2004 година. За да ја задржи власта, а истовремено да ја испочитува уставната одредба што го принудуваше да се повлече од неговиот втор мандат, тој му ја предаде функцијата на својот лојален наследник Медведев, за да се врати во 2012 година со уште поголеми овластувања, во третиот мандат.
Тој ја задржа власта борејќи се со која било опозиција, со контрола на олигарсите, како и на медиумите. Но, за оние кои го познаваат, Путин не претставува стабилен ум. Ова го вели новинарката добитничка на Пулицерова награда Ен Еплбаум. Крим беше само мал негов маневар, за да се обиде сега со регионите Доњецк и Луганск. Новинарката Ен Еплбаум, дури истакнува дека лошите амбиции на Путин не ја изоставуваат ниту Германија, особено источната во која живеел до падот на Железната завеса. Алсат.мк
Аднан Ќаили