

Алсат
17.07.2020 08:20
Луѓето кои јадат чоколадо барем еднаш во текот на денот имаат подобро когнитивни способности од оние кои не го уживаат овој вкус премногу.
Ова го покажа новата студија спроведена на Универзитетот во Мејн, на Универзитетот во Јужна Австралија и на Луксембуршкиот институт за здравје.
Истражувањето е објавено во списанието “Appetite”, а во него учествувале 968 луѓе на возраст од 23 до 98 години.
Научниците веруваат дека редовното консумирање на какао би можело да помогне да се подобрат и развијат когнитивните способности. Најдобар начин е редовна консумација на чоколадо.
Исто така постои можност ризикот од висок крвен притисок и дијабетес тип 2 да биде помал кај оние кои редовно јадат чоколадо. Истражувачите заклучиле дека во иднина ќе треба да се фокусираат на дополнителни истражувања кои ќе обезбедат информации во врска какао супстанците и невропсихолошкото здравје и механизмите што ги поврзува. Тие сметаат дека е потребно да се испита оптимална количина која може да се консумира, како и краткорочните и долгорочните ефекти од тоа.