ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Намалување на бројот на новозаболени од Ковид

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21.02.2022 до 27.02.2022г., Тестирани се вкупно 19.217 материјали за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.
Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.
Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button