МАКЕДОНИЈА

Претставничката на украинската заедница во Македонија разочарана од поддржувачите на Путин во земјава

Претставничката на украинската заедница во Македонија, Тамила Велковска, изрази разочарување од дел од македонските граѓани коишто изразуваат поддршка на рускиот претседател, Владимир Путин во агресијата врз Украина. Како што вели таа во своето вечерашно гостување во “Емисија 200“ на Алсат, не ѝ е јасно како е можно државјани на земја членка на НАТО да имаат дволични ставови.

Advertisements

„Не можам да ја сфатам таа дволична балканска душа, кога од една страна велат дека се против Запад, а од друга страна таму праќаат да живеат и да учат свои деца. Земјата е членка на НАТО, а тие се против НАТО. Тоа, како на обичен човек, мене не ми е јасно…, не навлегувајќи во политиката “, вели Велковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button