ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Македонија користи струја од домашните капацитети

Во ова кризно време кога цената на енергенсите достигнува рекорди, од државните електрани велат дека во Македонија се користи електрична енергија произведена од домашните капацитети. Струја не се увезува а се задоволуваат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи според првичниот план. Двата блока од РЕК Битола работат, но не и третиот блок кој се уште е во дефект. По потреба се уклучува и РЕК Осломеј а со половина капацитет струја произведува и ТЕЦ Неготино.

Advertisements

„АД ЕСМ станува стабилизатор, односно гарант да имаме сигурно и стабилно снабдување на електрична енергија, и при тоа со нашето зголемено производство и со малите набавки кои се случуваа, да гарантираме да биде цената стабилна за потрошувачите“, рече Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button