ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Празни рафтови – граѓани купуваа или трговци манипулираа?

За ниту еден трговец нема официјална потврда дека намерно повлекол дел од производите за време на викендот за истите да ги врати на полиците по нови цени, согласно одлуката за ограничени маржи. Од Пазарниот инспекторат велат дека спровеле околу сто контроли на терен и допрва ќе се анализира дали некој манипулирал со производите во претходните денови.

Advertisements

„Тоа беше само перцепција којашто ние ја споделивме, дали трговците ги повлекле залихите од полиците или тоа го направиле потрошувачите. Во еден ден ние не можевме да ја дадеме таа констатација, контролите коишто ги вршат пазарните инспекторатите“, рече Анета Симеска Димоска- Директорка на пазарен инспекторат.

Вчера министерот за економија Крешник Бектеши, тврдеше дека паника за купување на производи меѓу граѓаните немало, туку дел од трговците намерно ги повлекле залихите.

„Утврдено е дека некои од трговците сами ги повлекле залихите за денеска повторно да ги вратат назад со нови цени. Тоа е целосно утврдено од надлежните институции и нема да дозволиме да се случи. Не е време за манипулации и шпекулации посебно кога е врз грбот на граѓаните и сите тие трговци ќе бидат санкционирани согласно прописите и законите во нашата држава“, рече Бектеши.

Од пазарниот инспекторат досега не утврдиле ниту дека некој трговец не ја почитува новата одлука за ограничени маржи на основните прехранбени производи. На терен е констатирано дека цената на лебот се зголемила од 3 до 5 денари, а веќе од трговците има најави дека цените и на други производи ќе се зголемуваат. Од Владата денеска со соопштени повикаа на смиреност кај граѓаните, стоковните резерви се полни и тие засега нема потреба да се стават во функција.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button