ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Комисијата ќе препорача укинување на сертификатите за влез во моловите

Комисијата за заштита од заразни болести ќе препорача укинување на сертификатите за влез во затворените трговски центри. Информацијата ја сподели со јавноста претседателот на комисијата, Александар Петличковски.
„Донесовме еден поважен заклучок, тоа е да се препорача укинување на сертификатите за присуство во моловите, односно за местата кадешто не е задолжително носење на маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки, но секако, за следниот развој ќе бидеме многу внимателни бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите заштитни мерки да постигнеме неочекувани резултати“, рече Петличковски.