ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Намален бројот на заразени со КОВИД, мерките постепено ќе се ублажуваат

Намален бројот на заразени со КОВИД, мерките постепено ќе се ублажуваат

Комисијата за заразни болести препорача укинување на потврдите за вакцинација за влез во трговските центри во земјава. Од КЗБ појаснуваат дека сепак во делот каде што се служи храна во трговските центри и каде што не се носат маски, сертификатот ќе важи. Мерките постепено ќе се ублажуваат во зависност од епидемиолошката состојба. Во моментов има значително смирување на ситуацијата.

Advertisements

Во однос на текот на вакцинацијата на населението, од денеска на сите ранливи групи граѓани кои не се вакцинирани со трета доза, ќе им биде испратена СМС порака.

Во Македонија досега само 41% од населението е целосно вакцинирано. Скринингот на основците покажа дека преносот на корона вирусот во училиштата е само 0,8 отсто, но од КЗБ велат дека мерките за носење на маските во текот на наставата остануваат во сила.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button