ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин фатен при обид да влезе во Косово со фалсификуван сертификат за вакцинација

Државјанин на Република Северна Македонија се обидел вчера да влезе во Косово преку граничниот премин Блаце – Генерал Јанковиќ со фалсификуван сертификат за примени анти-ковид вакцини, јави дописникот на МИА од Приштина.

Advertisements

Откако бил откриен од полицијата, македонскиот државјанин признал дека на незаконит начин ја набавил потврдата за вакцинација. На лицето му е одбиен влезот во Косово, а предметот против него е пуштен во редовна процедура.

– Осомниченото лице – маж, Албанец, државјанин на Република Северна Македонија – на граничниот премин приложи сертификат за вакцинација против Ковид-19, кој резултира дека е фалсификуван. При распитот осомничениот потврди дека сертификатот го набавил на незаконит начин. По налог на надлежен обвинител предметот е пратен во редовна процедура, а на лицето му е одбиен влезот во Косово, се вели во 24-часовниот извештај на косовската полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button