Вчераобјавениот број на починати од Ковид-19, резиме од дводневна статистика

22 – те жртви од ковид 19 регистрирани во извештајот на Министерството за здравство, се покажаа како резиме на починати на 24 и 25 октомври, а пријавени како жртви во последните 24 часа.
Извештајот обезбеден од Алсат телевзија покажува дека 17 од 22 жртви починале на 24 октомври, додека другите три жртви починале на 25 октомври. За 88 – годишна жртва од Крива Паланка, датумот на смртта не се споменува, додека друга жртва од Гостивар, стара 75 години, е пријавена дека починала на 25 октомври во домашни услови.
Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека извештајот за последните 24 часа понекогаш се повикува и на починати од пред еден или два дена поради одложениот резултат од постсмртните тестирања.
Ваквите високи бројки беа забележани кога жртвите од корона вирусот беа вклучени во извештаите со задоцнување од еден или два дена.
Адриан Керими