ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За над 1.000 заразени со Ковид-19 нема одлуки за изолација

Над 3.500 активни случаи на Ковид-19 има само во Скопје, но одлуки за изолација на овие граѓани, според МВР, имаат само над 2 илјади. Ова значи дека бројот на заразени лица кои слободно да се движат низ градот е многу голем, затоа што Државниот здравствен инспекторат не постигнува да ги обработи сите решенија на време. Властите велат дека нема ни доволно персонал во оваа институција. Алсат дознава дека директорката на Инспекторатот, Ирина Бухова, наводно земала годишен одмор и моментално е во странство.

Advertisements

 Караџовски беше дециден и за паричните казни за граѓаните кои не ги почитуваат сегашните ограничувачки мерки. Тој вели дека полицискиот час е следниот чекор во случај да не успеат да ја намалат стапката на нови случаи. Во меѓувреме, министерот Филипче вели дека поставувањето на карантин зависи од однесувањето на граѓаните. Здравствените власти стравуваат од пренатрупаност на болничките капацитети, па тоа би можело да доведе до состојба да не можат да се згрижат сериозните случаи. Ќе се зголемат капацитетите во постојните одделенија, додека 60 интернисти од приватните клиники ќе бидат активирани во центрите за ковид.

Комисијата за заразни болести одлучи да го зголеми бројот на дневни тестови во Скопје за околу 350. Според статистичките податоци, над 80% од пациентите се асимптоматски, други 12% имаат лесни симптоми, а останатите имаат влошена клиничка слика. Последните бројки покажуваат дека општините како Аеродром, Карпош и Центар остануваат жаришта на коронавирусот во земјава.

 Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button