ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Државни лекари болни од Ковид, пациентите „на приватно“

Државните клиники и понатаму се преполни со пациенти кои не успеваат да си закажат термин. Иако пандемијата покажува олабавување, сепак корона вирусот останува причината поради која граѓаните чекаат со месеци. Зголемен наплив на пациенти се забележува на сите клиники, но најмногу има на трансфузиологија.

Advertisements

„Чекаме три часа и никој не нè вика. Закажуваат за 11:30, ни велат да чекаме два-три часа. Имам срцева болест, двапати се оперирав, дојдов да дадам крв и никој не ме прима“, вели еден пациент.

Од дирекциите на клиниките велат дека работат со намален персонал поради заболени лекари со ковид. За сите овие маки, директорите на клиниките вината ја насочуваат кон Управата за електронско здравство. Но, од персоналот на „Мој термин“ велат дека термините одамна се вратени со редовни распореди.

Во меѓувреме, продолжува трендот на намалување на бројот на активни случаи со Ковид-19, па надлежните очекуваат стабилизирање на епидемиолошката состојба. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во земјава има 2.871 активен случај. Се очекува Кризниот координативен штаб и Владата да ги олабават мерките според препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на задолжителните сертификати за влез во трговските центри, каде што не е задолжително носењето маски, како и препораката за укинување на задолжителен ПЦР тест.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button