Културни програми и награди за Денот на албанското образование

На 7 март годинава се навршуваат 135 години од отворањето на првото албанско училиште во Корча. По повод овој ден во сите училишта во државата беа организирани различни културни програми. Здружението на наставници Албанци „Наим Фрашери“ од Куманово и Липково, додели благодарници за наставниците и истакнатите ученици. Таква благодарница доби и новинарката на Алсат, Мелихате Рустеми за нејзиниот придонес во известувањето за проблемите во албанското образование во земјава. (Изјава)
„Нашата задача е да го пренесеме нашиот дух на посветеност и работа со чиста страст на идните генерации. Учењето за наставници се водич за патот на нашите деца кон нивната иднина и нивните животи“, изјави Самет Јахиу, ЗНА „Наим Фрашери“
„Сите наставници, сите ученици, имаме обврска да се залагаме за унапредување на образовниот процес“, рече Еркан Арифи, градоначалник на Липково
„На сите кои сте дел од образовниот процес, ви посакувам многу нови генерации изградени на личности кои ќе работат во интерес на нашите општини и нашата држава“, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми