ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Екс-пратеничката Емилија Александрова се вдомила во Агенцијата за безбедност

Вработувањата во Агенцијата за национална безбедност налуѓе од минатата политичка постава и покрај новата законска рамка,не престануваат. АЛСАТ дознава дека деновиве дел од Агенцијата станала и Емилија Александрова, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
Беше пратеничкаво последниот мандат на ВМРО, кога беше исклучена од партијата затоа што беше дел од групата пратеници од ВМРО кои гласааза уставнитеизмени со кои се смени името на државава.
Во Агенцијата е веќе една недела, но она што останува нејасное како политички личности кои биле дел од спорниот период на ВМРО наоѓаат место и позиција во најважната институција за државна безбедност? Се чини како поранешната УБК само да си го сменила името.
46-годишната Александрова, по потекло од Берово, беше член на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, член на Комисијата за надворешна политика, на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Таа му е роднина на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков./Алсат.мк