ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
За третина помалку заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19 минатата недела

Во периодот од 28 февруари до 6 март регистрирани сe 2.504 нови позитивни ковид случаи, што е за 32,3 отсто пмалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела.
Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најзабележително од 46,9% кај лицата од 0-9 години.
Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5% во однос на претходната седмица.
Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходните седум дена. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5%) од починатите се над 60 години.