ВЕСТИЕКОНОМИЈАСВЕТ

Новок: Русија ќе го затвори главниот гасовод кон Германија ако се воведе забрана за руската нафта

Русија предупреди дека може да го затвори својот главен гасовод кон Германија доколку Западот продолжи со санкциите и ја забрани руската нафта, објави Би-би-си.

Advertisements

Вицепремиерот Александар Новок рече дека таквиот потег ќе доведе до „катастрофални последици“ за глобалната понуда и ќе доведе до двојно зголемување на цената на нафтата до 300 долари за барел.

САД и сојузниците разгледуваат потенцијална забрана за руската нафта како начин да ја казнат Русија за нејзината инвазија на Украина. Но, Германија и Холандија вчера го отфрлија планот.

ЕУ добива околу 40 отсто од гасот и 30 отсто од нафтата од Русија и нема можност за лесна замена доколку се прекине снабдувањето.

Новок рече дека Русија има право да возврати и укажа на одлуката на Германија минатиот месец да го блокира сертификатот за вториот гасовод „Северен тек“ меѓу двете земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button