ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Аналитичари: Односите Скопје – Москва драстично се влошија

Македонско-руските односи се на историски најлошо ниво, велат дел од познавачите, коментирајќи го последниот развој на настаните односно потегот на Москва да ја стави земјава на листата на непријателски држава, и потегот на МНР за устен демарш за рускиот амбасадор за ,,заканувачкиот пост на социјалните мрежи“. Според аналитичарот Петар Арсовски, одлуката на Министерството за надворешни работи да не одговори билатерално на овој потег на Русија, туку да изгради заеднички став со сојузниците од ЕУ е логична.

Advertisements

„Нашиот одговор мора да биде синхронизиран со другите сојузници. Немаме ние тука премногу маневарски простор, особено што ние геостратешки сме одлучиле и по јавно мислење, кое 80% е за ЕУ и НАТО, а и по нашата геостратешка определба дека ние ќе го фатиме тој пат и тоа не е прашање на индивидуална одлука или на некакво автономно решение, туку е правец кој го дефинираме заедно со другите сојузници“, рече Арсовски.

Според Арсовски односите меѓу Москва и Скопје се тензични уште од периодот кога Русија се обиде да попречи интегрирање на Македонија во НАТО, што е спротивно на нејзините интереси. Тој додава дека Русија е активна на Балканот, особено во Србија и Република Српска, но не во големи размери и кај нас.

„Некаков антагонизам кон Западот постои, особено преку локални псевдо центри, кои имаат ПР-и на домашната политичка сцена и мислам дека тоа нема да престане. Меѓутоа, безбедносното и политичкото влијание на крупните политички текови е минимално“, додава Арсовски.

Македонија сега се усогласи 100-процентно со надворешната политика на ЕУ и ги воведе и санкциите кон Русија кои Брисел ги постави уште во 2014 година, по заземањето на украинскиот полуостров Крим, а за кои во меѓувреме не беше донесена одлука.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button