ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Остатоците од модуларна болница и по шест месеци не се расчистени

„Иако поминаа неколку месеци од катастрофата што се случи во модуларната болница овде во градот Тетово, урнатините на објектот и понатаму остануваат на истото место. Иако зградата повеќе не е објект на истрага на Обвинителството и полицијата, тие се уште не и дале дозвола на тетовската болница да ги отстрани остатоците, изјави новинарот на Алсат, Башким Сулејмани

Advertisements

Од Дирекцијата на болницата велат дека двапати се обратиле до Обвинителството да прашаат дали модуларната болница се уште е под истрага, но одговор нема.

„Испративме официјален допис до обвинителство, но тогаш сè уште не беше објавен германскиот извештај и одговорот што го добивме од истрагата беше дека овој извештај е очекуван. Во меѓувреме испративме уште еден допис и чекаме одговор од обвинителството дека овој објект не е предмет на истрага и да се преземат потребните мерки. Секако дека ќе се консултираме со министерството и со нашите капацитети ќе го решиме ова прашање“, рече Амир Елези, директор на тетовската клиничка болница

И додека Елези вели дека нема одговор, од тетовското обвинителство за Алсат нагласуваат дека до крајот на истражниот процес опожарениот модул треба да остане таму каде што е.

„Објектот на модуларната болница во Тетово се уште е под истрага до завршување на случајот. Со завршување на случајот, ќе биде испратен допис до болницата во Тетово, за потоа да се преземат мерки за тој објект.“- изјавија од Основното обвинителство Тетово, изјаваат од Обвинителство Тетово

Изгорената болница во меѓувреме и понатаму има полициска безбедносна лента, но  повеќе не ја чува полицијата.

„Припадниците на тетовската полиција секојдневно го обезбедуваа болничкиот објект, но веќе извесно време не се бара од нас да го обезбедиме истото и не се врши целосно обезбедување на објектот, туку тетовската полиција врз основа на редовни активности врши проверки при патролирање во модуларната болница, со цел да се заштити местото од влегување на лица кои можат да предизвикаат штета“, рече Фатмир Реџепи Портпарол на СВР- Тетово

Во модуларната болница во Тетово на 8 септември животот го загубија 14 лица, 12 пациенти и двајца членови на семејството. /Алсат.мк

Башким Сулејмани 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button