ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ќе одржи три седници

На дневен ред на 45. седница се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за трговските друштва, за игрите на среќа и за забавните игри, за животната средина и за служба во Армијата на Република Сeверна Македонија, сите во прво читање.

Advertisements

Пратениците во рамки на 50.седница ќе расправаат по предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026, предлог-закон за парничната постапка во прво читање, предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство во прво читање.

На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на законите за минерални суровини, за државен пазарен инспекторат, за јавни претпријатија, за земјоделство и рурален развој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button