ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Нема да го препуштиме Западен Балкан на влијанието на Русија, вели шефицата на германската дипломатија

Нападот на Русија врз Украина е пресвртница која јасно покажува дека Европа мора да биде подготвена стратешки да инвестира во нејзината долгорочна безбедност, а тоа особено важи за односите со Западен Балкан, нагласи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пред посетата на Сараево, Белград, Приштина, а потоа и на Молдавија.

Advertisements

Во изјавата таа истакна дека денешниот мир на Западен Балкан можеби не е совршен, но е скапоцен.

„Мораме отворено да кажеме дека во последните години разочаравме и запоставивме многу од тие земји. Актерите како Русија притискаат на оваа отворена страна, кои немаат интерес за европската иднина и не се двоумат повторно да ги разгорат нерешените конфликти. Сега патувам првенствено во Западен Балкан за да слушнам што луѓето таму очекуваат од нас сега, но и да им објаснам дека нема да го оставиме тој регион во срцето на Европа на влијанието на Москва“, рече Бербок.

Таа посочува дека Европа во последните денови покажа дека е ефикасна и решена да се спротивстави на агресивните постапки на рускиот претседател. Сега, смета таа, неопходно е Европа да покаже дека е подготвена со истата енергија да се вклучи на креативен и ориентиран начин кон иднината во земјите од европското соседство.

„Луѓето во регионот ќе нè мерат по тоа дали нашите зборови се проследени со дела. Германија има суштински интерес за политички стабилен и економски просперитетен Западен Балкан, чии земји се ориентирани кон Европа. За тоа ќе се залагаме и на претстојните политички разговори, како и во стратешките инвестиции, пред сè во обновливите извори на енергија“, вели шефицата на германската дипломатија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button