ВЕСТИСВЕТ

Кризата во Украина главен фокус на Самитот на ЕУ

Лидерите од ЕУ денеска ќе одржат самит во францускиот град Версај и ќе се обидат да најдат начини да се справат со последиците од руската инвазија врз Украина што ја „разниша“ економијата на блокот и ја изложи потребата за посилна одбрана.

Advertisements

Состанокот во Версај требаше да биде највисоката точка на шестмесечното претседателство на Франција со ЕУ, но претседателот Емануел Макрон наместо тоа ќе го предводи кризниот Самит за да одговори на нарушувањето на децениската стабилност во Европа од страна на рускиот лидер Владимир Путин.

„Руската агресивна војна претставува тектонска промена во европската историја“, се вели во нацртот на завршната декларација на дводневната средба.

Лидерите ќе разговараат за тоа како ЕУ може да ги исполни своите одговорности во оваа нова реалност штитејќи ги своите граѓани, вредности, демократии и европскиот модел.

Лидерите на ЕУ, исто така, ќе се обидат да напредуваат на начините на кои Европа може да го изгради својот суверенитет во високочувствителните сектори, вклучувајќи ги полупроводниците, производството на храна и особено одбраната, а ќе се разговара и за можноста за „отстранување“ на зависноста на блокот од рускиот гас, нафта и јаглен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button