МАКЕДОНИЈА

До крајот на неделата студено, од понеделник постепен раст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Advertisements

Во Скопје променливо облачно и студено со температура до 3 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, за утре се најавува променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -10 до -2 степени, а максималната дневна од -1 до 6 степени. Во Скопје слично време, со студено утро и температура од -4  и дневната до 5 степени.

Во земјава до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button