МАКЕДОНИЈА
Миле Јанакиески призна вина за набавката на кинеските автобуси

По признанието на вина, екс – министерот за транспорт Миле Јанакиески и уште две службенички добија условна казна две години затвор за случајот со набавката на 202 двокатни кинески автобуси. Призна дека ја злоупотребил положбата. Случајот се однесува за фаворизирање на кинеска фирма за набавка на двокатни автобуси, при што државниот буџет бил оштетен за нешто помалку од 5 милиони евра. На тогашниот директор на ЈСП, Игор Јанушев, кој е обвинет како член на комисијата за јавни набавки, ќе продолжи да му се суд, бидејќи тој не призна вина. Предметот го отвори сега веќе згаснатото СЈО.