ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Во продавниците дневно поскапуваат над 200 производи

Граѓаните велат дека последиците од војната се одразуваат и на животниот стандард кај нас. Во кошничката со основните намирници што значи едвај едно ќесе, треба да се потрошат и до 1.500 ден или 30% повеќе.
Иако е укинат данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во маркетите се забележува дека над 200 производи секојдневно поскапуваат. Граѓаните велат дека тешко можат да ја наполнат потрошувачката кошничка.
„Поскапо нема каде. Да ви кажам, пред една недела овие ба 32 денари, сега 40 денари. Маслото, се изненадив кога го видов, пред 3 дена беше 96 денари, сега е 108 денари“, реагираат граѓаните.
Зголемување на цените се забележува и кај овошјето и зеленчукот на зелените пазари.
Аднан Ќаили