ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичен пресуди по 4 години затвор за креаторот и администраторот на Јавна соба

Скопскиот кривичен суд денеска пресуди по 4 години затвор на креаторот и администраторот на Јавна соба на Телеграм, Дарко Костовски и Михаил Паневски. Судот нив ги прогласи за виновни за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија.
Во обвинението е наведено: Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button