ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга, без одобрение се интервенира во училиште – споменик на културата

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ќе ја префрли гломазната општинска админстрација во стариот објект на основното училиште Браќа Миладиновци, кој е под заштита на државата како споменик на културата. Во моментот во објектот се изведуваат градежни активности, а се работи и на внатрешно уредување на просторот. Но од музејот во Охрид, како надлежна институција велат дека се работи на диво, бидејки општината не добила дозвола да управува со музејот.

Advertisements

„Накратко не. Во август месец тоа решение стана правосилно и се одби жалбата која беше пратена од општина Струга и во тој момент важат сите закони за културно наследство за тоа училиште. Во истиот ден ние пративме увид на наши експерти таму, ги констатиравме сите забелешки, дека се извршуваат градежни работи и реагиравме и испративме допис до Управата за културно наследство, кој испраќаат инспекциски надзор кој го констатира сето ова.Знаеме дека и Управата за заштита ги констатира неправилностите“, рече Мише Туткоски-директор на завод и музеј Охрид.

Според законот за заштита на културно наследство, не смее да се прават никакви интервенции на вакви објекти, без одобрени конзерваторски проекти, нешто што вели Туткоски, општината не го поседува.

„Знаеме дека таму продолжуваат работите.Меѓутоа ние немаме ингеренции тоа да го спречиме понатаму“, додава Туткоски.

Од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека за узурпација на објектот ќе го известат Државното правобранителство, а ќе достават и преставка за вонреден инспекциски надзор од страна на надлежните органи.Обејктот е изграден уште во 1936, а е прогласен за споменик на културата од 2013 година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button