ВЕСТИСВЕТ

Илјадници жители се евакуирани од различни украински градови

Речиси 13.000 украински цивили беа евакуирани преку хуманитарни коридори во саботата.  Овој број на евакуирани е речиси двојно поголем од претходниот ден. Преку порака објавена на интернет, вицепремиерката Ирина Верешчук рече дека никој не успеал да го напушти опколениот град Мариупол.

Advertisements

Таа ги обвини руските сили што не ги евакуирале жителите на овој град во јужна Украина. Претходно Москва ги обвини украинските сили дека намерно не дозволуваат евакуација на граѓаните на Мариупол.

Локалните власти во Мариупол соопштија дека конвој со хуманитарна помош и автобуси за евакуација на граѓаните ја напуштил Запорожје пред околу осум часа, но се уште немаат информации каде моментално се наоѓа овој конвој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button