ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Би сакал да ги тргнеме маските, но бројките не дозволуваат, вели министерот Сали

Министерот за здравство Беким Сали рече дека сегашните бројки не дозволуваат олеснување на мерките, вклучително и отстранување на маските. Малиот број вакцинирани не гарантира дека можеме да продолжиме без маски, рече Сали.
„Јас сум првиот што би сакал да можам да кажам дека од утре можеме без маски, би останал запаметен по оваа изјава, но на едната страна се желбите, а на другата страна бројките што ги добиваме секојдневно. Секојдневно ја следиме состојбата, имаме 4 земји кои први ги ослободија мерките, но гледаме дека таму сега ја имаме ситуацијата како на почетокот“, изјави Сали.