ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трета мајка за судењето на Драги Рашовски

Холивудското судење кое беше најавено уште во јануари, почна дури денеска. Поранешниот владин генерален секретар кој е обвинет за злоупотреба на службата и перење пари, рече дека не чувствува вина за нарачаните софтвери кој сам ги измислил и нарачал, а државата не ги стави во употреба. Обвинителката Вилма Русковска во воведниот збор наведе дека ќе го увери судот оти Рашковски нерационално, неекономично и непродуктивно ги трошел државните пари. Софтверите не ѝ биле потребни на ниту една институција.

Advertisements

„Зошто цело време одбраната инсистира на одвојување на одредени докази? Затоа што во тие докази со кои бараат нивно издвојување, точно, целата јавност ќе се увери на кој начин, како работеле, односно обвинителството со помош и на тие докази и на другите, се разбира, ќе докаже дека обвинетите работеле исклучиво во свој интерес…“, рече Русковска.

Рашковски, пак тврди дека обвинителството крие докази од Владата во кои имало одговор дека два системи за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, сепак биле ставени во функција.

„Дајте, ќе направиме реконструкција, тоа е дали софтверот работи, дали е функционално или не? Не бараме да верувате на документација во која пишува ова функционира, туку ќе бараме да излезете на лице место и да видите“, рече Рашковски.

На Рашковски му се става и друго дело, односно дека ангажирал хонорарци кои не работеле ништо, но дел од парите му ги давале нему. Државата биле оштетена за 300.000 евра. Обвинението во суд го застапуваше самата шефицата на Организиран криминал, Русковска. Нејзината институција се сочува со кадровски проблеми затоа што на 5 обвинители им е истечен мандатот.

„Тешко ни е на сите. Осум колеги се само со мандат…“, рече Русковска.

Инаку, Русковска информираше и дека истрагата преземена од СЈО за случајот, „Империја“ е во фаза на подготвување на обвинение. Тој се однесува на наводно перење пари, а осомничени се екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев и други.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button