ВЕСТИСВЕТ

Од вечерва до 17 март се воведува полициски час во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во главниот град од вечерва во 20 часот се воведува полициски час, кој ќе трае 35 часа, односно до четврток наутро.

Advertisements

„Забрането е движење низ градот без посебна дозвола, освен одење во засолништа“, рече Кличко.

Градот во текот на ноќта беше изложен на гранатирање на надворешните области, а станбени згради беа погодени од проектили.

„Главниот град е срцето на Украина и ќе се брани“, додаде тој во објавата на својот профил на Телеграм.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button